Вардар 1961 го запиша вториот пораз во Европската лига, откако на домашен терен беше совладан од Порто со 26-22 во рамките на третото коло во ова натпреварување. На овој начин „црвено-црните“ направија чекор наназад кога станува збор за пласман во следната рунда.
Маркез им правеше најголем проблем на вардарци, запиша 15 одбрани. На другата страна Еспиња и Гогов имаа седум одбрани заедно. Родригез имаше четири гола, по три запишаа Георгиевски, Лазаревски и Крсманчиќ.
Во СЦ „Јане Сандански“ видовме доста изедначен меч. Во првото полувреме Порто отвори со 3-6, но македонскиот тим брзо се врати и со серија од 4-0 поведе со 7-6. Дуелот продолжи во исто темпо, гол за гол. Порто дојде на плус два (8-10), но избраниците на Владо Недановски со серија од 4-0 на одморот заминаа со позитива од два гола (12-10).
Ништо поразлично не беше ниту во вториот дел. Вардар успеа на момент да дојде на плус два (15-13), но на другата страна Порто притискаше, веќе во 54-та минута поведе со 18-22.
Јагуриноски и Георгиевски на момент го вратија својот тим, но тука и застана.
Шансите за следната рунда не се целосно загубени, но патот е тежок. Вардар 1961 е трет на табелата со два бода, еден помалку од Порто, додека лидер е Мелсунген со максимални шест бода.