Манчестер Сити се подготвува за евентуалното заминување на Пеп Гвардиола на крајот од сезоната. Во исто време, Баер Леверкузен се подготвува Чаби Алонсо да ја смени средината на крајот од сезоната. Сити би можел да биде следната дестинација за шпанскиот специјалист.
Според Скај Спорт Алонсо е главната желба на сопственикот на Сити. Додуша, Сити не е единствениот, ситуацијата околу Алонсо веќе подолго време ја следи и Реал Мадрид, кој би сакал да го доведе Алонсо за наследник на Карло Анчелоти.
Претходно многу се зборуваше за Алонсо и Ливерпул, но „црвените“ во моментов се задоволни од Холанѓанецот Арне Слот кој пристигна ова лето. Тие го гледаат како долгорочно решение и не размислуваат за други опции, вклучувајќи го и Алонсо.
Договорот на Алонсо со Леверкузен е до летото 2026 година, но челниците на Баер се свесни дека претстои заминување на крајот од сезоната. Да потсетиме, минатата сезона, во својата втора сезона на клупата на Леверкузен, Алонсо го предводеше тимот до првата шампионска титула на Германија во историјата на клубот.