Доколку нешто драстично не се промени, Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул на крајот од актуелната сезона. Египќанецот има договор со тимот од Енфилд до летото 2025 година, односно до крајот на сезоната и очигледно нема да биде продолжен.
Навивачите и управата на Ливерпул сакаат Салах да остане, но потпишувањето на нов договор е далеку и не смее да се губи време.
Тоа добро го знаат и челниците на Ливерпул кои активно работат на пронаоѓање на идеална замена за Салах.
Во овој контекст се споменуваа многу имиња, а последен е Џејми Гитенс, 20-годишен англиски фудбалер и член на Борусија Дортмунд.
Џејми Џермејн Бајно-Гитенс е крилен фудбалер роден во Лондон во 2004 година, а по потекло е од Барбадос.
Тој е ѕвезда на Борусија Дортмунд, а освен Ливерпул, желба да го доведат во своите редови изразија уште неколку европски гиганти.
Тој е дете на Ридинг, но како младинец беше член на Манчестер Сити од кој замина во германскиот тим. Досега, во десет настапи оваа сезона за Борусија, тој постигна четири гола и имаше три асистенции, сметајќи ги сите натпреварувања.
Како што објави БИЛД, Борусија Дортмунд веќе му одредила цена, а таа е 100 милиони евра.