Вардар 1961 го запиша вториот пораз во Европската лига, на домашен терен беше совладан од Порто со 22-26. Патот кон следната рунда веќе стана комплициран, бидејќи токму португалскиот тим е директен ривал.
Владо Недановски по поразот вели дека играта „седум на шест“ на Порто и нивните голмамни го одлучиле победникот.
„Честитки на противникот за победата. Одигравме добар натпревар. Првото полувреме беше во наша корист и среќен сум како одигравме во одбраната во првиот дел. Второто полувреме лошо го отворивме, и иако се подготвувавме на нивниот напад 7 на 6 не беше доволно. Порто е екипа која со тренерот Андерсон преферира да игра 7 на 6 и една од подобрите екипи која го игра тоа. Имавме наша шанса да се вратиме во мечот, но на дело стапија нивните голмани со неколку интервенции“, изјави Недановски.