Почнува новата сезона во НБА лигата (среда, 1:30 часот по средноевропско време), а првиот меч во сезоната 2024/25 ќе ја играат кошаркарите на Бостон Селтикс и Њујорк Никс.
ИСТОК
Актуелниот шампион Бостон не ја менуваа многу екипата помеѓу двете сезони, односно сите негови важни играчи останаа. Портингис, Тејтум и Браун ќе бидат носителите на Селтикс, а од клупата ќе командува Џо Мазула, а еден од најголемите конкуренти ќе им биде Њујорк Никс засилени со суперстарот Карл-Ентони Таунс. Овие две екипи се кандидати за титулата, а се чини дека Милвоки кој повторно ќе се потпре на Адетокумбо кој нема врвни соиграчи има мали шанси да ја нападне титулата.
Многу се очекува од Филаделфија која се засили со крилниот играч Пол Џорџ. Тој заедно со староседелецот Џоел Ембид, како и одличните играчи Ерик Гордон, Андре Драмонд, Реџи Џексон и Кејлеб Мартин имаат шанси за висок пласман.
ЗАПАД
Далас и оваа сезона ќе се потпира на фантастичниот Лука Дончиќ, а ова лето на тимот му се приклучи и Клеј Томпсон, повеќекратен шампион со Голден Стејт. Од другите играчи останаа Динвиди, Гафорд, Клебер и Вашингтон, па тие се сметани за кандидати за трофејот или барем за финале.
Сепак, Оклахома Сити Тандерс се можеби и први фаворити на Западот за влез во големото финале. Шеј Гилдис Александер минатата сезона заврши втор во трката по МВП наградата, а оваа сезона би можел да го промени тоа. Останаа без Џош Гиди, но се засилија со бекот Алекс Карузо и центарот Ајзеа Хартенштајн.
Ќе видиме што може и Денвер предводен од најдобриот свој играч Никола Јокиќ. Го сочуваа костурот на тимот, а освен од Јокиќ многу се очекува и од Ерон Горден, Џамал Мареј и Мајкл Портер Џуниос, а заедно со „петторката“ ќе ја комплетира Расел Вестбрук.