„Рафа беше ментално посилен од Новак и Роџер“

409

Ги Форж, некогаш четвртиот тенисер во светот, смета дека Рафаел Надал бил психички најсилен меѓу играчите на „големата тројка“.

Поранешниот директор на Ролан Гарос смета дека шпанскиот тенисер бил супериорен во овој поглед, иако многу други сметаат дека тоа пред се било карактеристика на Новак Ѓоковиќ.

Францускиот стручњак истакнува дека никогаш не го видел Надал со наведната глава. Тој отиде и чекор понатаму и го спореди Шпанецот со некои постари играчи.

„Додека некои од другите легенди можеа да покажат знаци на иритација или да се откажат за време на натпреварите, никогаш не сум видел Надал да го прифати поразот. До последниот поен. Дури и кога ќе го споредите со Џими Конорс или со Лејтон Хјуит, господарот на издржливоста, тој е малку погоре. Тоа беше веројатно неговата најголема сила. Без оглед на резултатот или физичката повреда, противникот или подлогата, тој секогаш си велеше: „Ќе најдам решение и ќе го пребродам сето тоа“. Не знам од каде има сили за тоа“, заклучи Форж.

Надал загуби од Новак Ѓоковиќ со 6:2, 7:6 (5) во мечот за третото место на егзибицијата во Ријад.

Шпанецот најави дека ќе се повлече од активниот тенис во ноември на завршниот Дејвис куп турнир во Малага.

ПретходноСтоилковска со пресврт до победа во 1.коло во Хрватска!
СледноИзјава на денот: “Нас не ни треба Пеп Гвардиола за тренер на Партизан, ни треба….“!