Бајките сепак постојат. Овој момент го живее трикратниот европски шампион Вајпрес Кристијансанд. Откако пред само еден ден норвешкиот женски тим кој се натпреварува во Лигата на шампиони објави дека е пред банкрот, се случи пресврт.
Сумата која беше потребна за да опстои Кристијансанд изнесување околу 2 милиони евра. Норвешките инвеститори се дигнаа на нозе и не дозволија клубот да згасне преку ноќ.
Трикратниот европски првак не само што се спаси, туку и ќе продолжи да игра на највисоки ниво.