Така прават Германците: Чаби Алонсо во јуни си оди, а во Леверкузен веќе го го знаат неговиот наследник!

77

Јасно, чисто, без потреси и елегантно. Така тоа го прават Германците, барем во Баер Леверкузен, кои секогаш знаат што треба да се прави.

Имено јасно е дека Чаби Алонзо во јуни си оди од “Бај Арената“, но во раководството на “фармацевтите“ нема паника, тиа веќе знаат кој ќе биде негов наследник. Според медиумите во Германија, тоа е Себастијан Хенес, кој прави чуда со Штутагрт. Тој е пик бр.1, а негова алтернатива е Сандро Вагнер, некогашен напаѓач на Вердер и Баерн Минхен, кој сега е во стручниот штаб на селекторот Јулиен Нагелсман.

Што се однесува до Чаби Алонсо, човекот кој му ја донесе првата и историска титула на Леверкузен, веќе подолго време се говори дека токму тој е наследникот на Карло Анчелоти во Реал Мадрид. Сепак во последно време се шпекулира и со клупата на Манчестер Сити, се разбира ако Пеп Гвардиола одлучи да си оди.

ПретходноПулишиќ даде гол директно од корнер (видео)
СледноПочнува новата сезона во НБА – Бостон ја брани титулата, можат ли останатите да го спречат?