Белгиски фудбалер остана без прсти по експлозија на петарда

107

Фудбалерот на белгискиот четвртолигаш Менен, Фабио Шиафино остана без неколку прсти поради повреда на мечот со Зилебек. 26-гоишниот играч постигна два гола на мечот, меѓутоа за време на мечот подигнал петарда и кога ја изнесувал од теренот му експлодирала во раката.
Подоцна е востановено дека се работи за петарда Кобра 6 која е забранета во Белгија.
Инаку, петардата на терен ја фрлило 21-годишно момче кое по мечот е задржано од полицијата и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

ПретходноУрнебесна реакција на Гатузо: „Уф, каква е оваа вода…“! (ВИДЕО)
СледноПулишиќ даде гол директно од корнер (видео)