Во неделата составот на Сондерјиске успеа со 3:2 да го победи големиот фаворит, тимот на Митјиланд, во меч од 12.коло во елитната лига на Данска. С два гола во мрежата на гостите се прослави Лирим Ќамилим нашиот А-репрезентативец, а одлично одигра и Сефер Емини, довчерашен младински репрезентативец на Македонија.
И токму поради тоа, двајцата македонски интернационалци се најдоа во идеалниот тим на 12.коло во елитната лига на Данска.
На овој меч не настапи и третиот Македонец во Сондерјиске, Иван Николов кој беше на клупата.