Уште еден очаен меч за Пелистер, овој пат во домашниот шампионат. По двете победи во финалето на Купот на Македонија и во Супер-Купот, Алкалоид за првпат славеше против Пелистер во меч од регуларниот дел од сезоната, на домашен терен го победи со 32-25. Ова неше беше било каква победа, туку тимот од Автокоманда целосно ги надигра поискусните колеги и сосема заслужено се наоѓа на врвот на табелата во Супер-лигата без ниту еден пораз.
За Битола оваа вест од Скопје беше крајно разочарувачка, нивниот тим повторно одигра под можностите, па веќе на полувремето се бараше оставка од Бране Ангеловски, за кого ова е втор пораз во Супер-лигата, претходно не успеа да слави на вечното дерби.
Дали навистина ќе има промени останува да видиме во следните денови.
Пелистер го чека уште потешка задача, го пречекува Веспрем во Лигата на шампиони.