Еден од најтрофејните македонски тренери го презеде второлигашот Вардарски

417

Васе Беќаров ја напушти позицијата тренер во Вардарски во Втората лига, а на негово место седна еден од најтрофејните македонски тренери Ѓоре Јовановски. По осум кола клубот од Богданци одлучи да направи тренерска рокада, а Јовановски ќе дебитира на кормилото против Охрид на „Билјанини Извори“.
Инаку, по осум кола Вардарски е единствениот второлигаш без победа (две ремија и шест порази).
Јовановски беше двоен шампион на Македонија со Работнички, со Слога Југомагнат го освои Купот.Беше тренер и на Шкендија, Брегалница Штип, Металург, Милано Куманово, Вардар, турски Самсунспор како и селектор на Македонија.

ПретходноБитола на нозе – се бара оставка на Ангеловски!
СледноАнгеловски поднесе оставка, Пелистер во потрага по нов тренер