Нова шампионска лекција од Алкалоид за Пелистер (ФОТО)

270

Дербито на осмото коло во Супер-лигата му припадна на Алкалоид кој славеше со 32-25 (16-12) и остана префектен со осум триумфи во исто толку одиграни натпревари. Доминатна игра на избраниците на Кирил Лазаров во текот на сите 60. минути, на теренот делуваа како тие да прваци и како да имаат искусен состав.

Серафимов беше стрелец на осум гола кај победникот, Бинго имаше шест, додека Костески до повредата запиша пет. Додека Кузмановски со 12 беше најдобар кај гостите.

Алкалоид го отвори мечот со 4-1, во 5-тата минута не искористи шанса за плус четири. Се разбрани Никола Митревски. Благодарение двете негови одбрани, Пелистер преку Радивојевиќ успеа да доближи на 4-3 во седмата минута. Нешто подоцна, Алкалоид остана со играч помалку, Кузмановски од седум метри, а потоа и од игра израмни на 6-6 во 10-та минута.  Два неискористени напади на битолчани, Алкалоид ги претвори во плус два (8-6) во 13-та минута. Момците на Кирил Лазаров не застнаа тука, во 22-та минута преку Серафимов, Бинго и Ѓоргиев, зголемија на највисоки плус пет (14-9), ги казнија сите промашувања на гостите. Важна одбрана имаше Кизиќ. Ангеловски повика тајм-аут, не вроди одма плод, битолчани имаа среќа што две технички грешки направи и домаќинот. Кузмановски после долго време од седум метри го прекина налетот на противникот за 14-10. Алкалоид уште двапати водеше со плус пет (15-10 и 16-11). На одморот беше 16-12.

 

На стартот на второто полувреме, Кузмановски од седум метри намали на 16-13. Костески со два гола, еден Симоновски и одбрана на Кизиќ му донесоа на Алкалоид нови плус пет (19-14) во 35-та минута. Голем хендикеп за домашниот тим во 38-та, Никола Костески во обид да пресече топка незгодно падна и беше изнесен на носилки. Момците на Лазаров го задржаа темпото, веќе во 43-та минута поведоа со највисоки плус седум (24-17) до овој момент на мечот. Кузмановски два гола од игра доближи на 24-19 на средината на второто полувреме.

Алкалоид во продолжение одржуваше позитива од пет до шест гола. Последните девет минути од мечот ги отвори со седум гола разлика (29-22). Одбраната тимот од Автокоманда до овој момент беше цврста. Ангеловски повика тајм-аут, последен обид за да неговиот тим да се врати на овој натпревар. Истиот не промени ништо, Бинго во 52-та минута зголеми на 30-22. Во 54-та минута, Пелистер остана без Манасков, кој поради груб старт врз Митев заработи директен црвен.

Два гола на Кузмановски и еден на Атанасијевиќ ја намалија предноста на Алкалоид на минус пет (30-25) во 58-та минута. Лазаров повика тамј-аут, а Серафимов со мајсторија стави печат на мечот (31-25), немаше време за ништо повеќе.

Ова е заслужена победа на Алкалоид, кој од година во година се повеќе воодушевува со она што го гради. На другата страна битолчани треба да се замислат. Ова е нивни втор пораз.

ПретходноПочнува новата сезона во НБА – Бостон ја брани титулата, можат ли останатите да го спречат?
СледноЛШ: Црвена Звезда „торпедирана“ во Монте Карло, Милан без проблеми со Бриж