Супер фудбал на „Бернабеу“, Реал ја растури Борусија иако по првиот дел губеше со 0:2

364

Европскиот шампион Реал Мадрид имаше проблеми со Борусија Дортмунд но успеа да слави победа и тоа со пресврт откако по првото полувреме губеше со 0:2. На крајот кралскиот клуб победи со 5:2 и ги впиша бодовите.

Реал го одигра можеби најлошото прво полувреме на домашен терен во поновата историја во Лигата на шампионите, но затоа се извади во вториот дел во кој освен што изедначи по негатива од два гола, туку во финишот стигна и до триумф.
Во првите 45 минути „кралевите“ изгледаа неорганизирано, без контрола и идеја против Борусија Дортмунд која на пауза отиде со 2:0.
Во 30 минута по одлична асистенција на Гираси, Дони Мален го погоди голот, а четири минути подоцна Мален асистира за Гитенс кој непречен од никого ја тресе мрежата. Имаше Реал можност но во иста акција Белингем и Родриго ја погодија рамката од голот.

Во вториот дел „кралевите“ изгледаа фуриозно. Агресивни во одбрана и „убиствени“ во нападот. Во 53 минута Васкез натрча на одбиена топка но голманот одбрани. Во наредната минута Винисиус шутира но Кобел брани.
Во 60 минута Ридигер го намали резултатот, а веднаш потоа Винисиус го изедначи резултатот 2:2.

Во 81 минута по една брза контра Борусија пропушти шанса да го врати водството. Куртоа му го одбрани ударот на Брант. А во следната акција казна, Лукас Васкез ја затресе мржата на Борусија за 3:2, за веднаш потоа по еден силен трк Винисиус ги претрча дефанзивците на германскиот тим и со шут од 16-тина метри го совлада Кобел. Но тоа не беше се, Винисиус комплетира хет-трик во судиското продолжение на мечот за конечни 5:2.
Така Реал има шест бодови на табелата исто колку и Борусија.

ВИДЕО ОД НАЈИНТЕРЕСНИТЕ МОМЕНТИ ОД ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ОВОЈ ЛИНК

ВИДЕО ОД НАЈИНТЕРЕСНИТЕ МОМЕНТИ ОД ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ОВОЈ ЛИНК

Standings provided by Sofascore
ПретходноМиовски и Џирона со прва победа во ЛШ, шок за Јувентус, перфектна Астон Вила
СледноНедановски: Имавме шанса да се вратиме во мечот, но нивните голмани настапија на сцена!