Уште една ракометна ѕвезда нема да игра за Франција

33
Фото: FFHandball / Iconsport

Светскиот, европски и олимписки шампион со француската ракометна репрезентација Тимоти Н’Гесан (32) одлучи повеќе да не настапува за националниот тим, соопшти Француската ракометна федерација.

Енгесан за прв пат играше за репрезентацијата на 7 јануари 2013 година против Аргентина. Одигра 114 натпревари и постигна 255 голови.

Тој беше Европски шампион во 2024 година, олимписки шампион во 2021 година и светски шампион во 2017 година. Клупската кариера ја продолжува во Барселона, со која има договор до 2027 година.

“Беше одлично да се игра за францускиот тим. Имав можност да живеам сон и да ги освојам сите титули. Искрено, беше величествено и тоа што го доживеав е неописливо”, изјави овој ракометар.

Французите по Олимписките игри во Париз останаа без еден од најдобрите играчи на сите времиња, Никола Карабатиќ. На домашен терен го бранеа златото од Токио, но беа разочарани и елиминирани во четвртфиналето од Германија.

ПретходноЗа среќа не се лигаментите: Ване Крстевски ќе паузира најмалку 2-3 натпревари!
СледноУ-16: Македонија ја “скрши“ Словенија!