Дали Тен Хаг ќе стане минато: Јунајтед оствари средба со екс-тренерот на Барселона!

190

Поранешниот тренер на Барселона, Чави Хернандез е последното име кое се поврзува со тренерското место Манчестер Јунајтед, ексклузивно пишува „Дејли мејл“.

Според изданието, „црвените ѓаволи“ веќе разговарале со 44-годишниот шпански тренер. Четиричлена делегација предводена од извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада, минатиот четврток отпатувала во Барселона за да разговара со Чави.

Ова беше дури втор контакт со шпанскиот специјалист во последните неколку месеци. Чави ја напушти Барселона на крајот од минатата сезона по голем број пресврти и по јавно расправија со претседателот на клубот Жоан Лапорта. Тој самиот објасни дека нема интерес во оваа фаза да се врати во шпанскиот фудбал и е отворен за нови предизвици.

Иднината на менаџерот Ерик тен Хаг е предмет на континуирани шпекулации поради лошите перформанси на „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната. Томас Тухел, кој на крајот стана селектор на Англија, поранешниот тренер на истата репрезентација, Герет Саутгејт и Греам Потер, беа посочувани како можни замени во последните месеци.

ПретходноИако Пелистер се соочува со проблеми, Пасквал е претпазлив: Имаат добра одбрана и одлична атмосфера!
СледноВаленсија пред колапс – прв пат по речиси седум децении е на последното место во Ла Лига