Доминик Тим стави крај на кариерата

50

Со пораз во првото коло на АТП турнирот во Виена во родната Австрија, 31-годишниот тенисер Доминик Тим и официјално ја заврши кариерата. Тим, кој моментално е 318 тенисер на светот ја најави пензијата уште во првата половина од оваа година, за сега да каже „крај“.
Инаку пред овој меч во Виена, Тим играше во 2020 година кога го освои УС Опен, а тогаш беше трет тенисер на светот. Инаку Австриецот вкупно седумнаесет пати освојувал пехари на АТП туровите, а против големата тројка Рафа, Роџер и Новак впиша шеснаесет победи.

ПретходноКуп -1/8 финале: Вардар на мегдан со Тиквеш, Силекс го дочекува Шкупи, под Шара дуел на двете Шкендии
СледноМилојевиќ се налути на новинарите: А кого да ставам во игра?