Куп – 1/8 финале: Силекс на пенали подобар од Шкупи, Шкендија се изнамачи со третолигашот, сензација во Битола, Струга ТЛ рутински…

493

Попладнево се одиграа сите осум средби од осминафиналето во Купот на Македонија. Дианеси со двата гола против Тиквеш го однесе Вардар во следната фаза. Во Кратово решаваа пеналите, откако во регуларниот дел беше 0:0. А таму Силекс беше подобар во пенал – серијата со 4:3 и успеа да го елиминира Шкупи. Уште еден успех на составот на Александар Васоски.

Шкендија под Шара се изнамачи против третолигашо Шкендија Арачиново, сепак Адеми со 73.минута не дозволи сензација.

Струга ТЛ со 2:0 рутински ги доби “лавовите“. Ова беше и слатка одмазда на стружани по оној пораз во финалето во Купот од 2023 година. Таири и Кехинде стрелаа за победа на шампионот.

Гостивар успеа да слави над Брегалница со 1:0 и тоа со голот на Ивановски во 73.минута. Многу шанси, но сепак прволигашот оди натаму.

Сензација во Битола. Второлигашот Детонит на пенали го исфрли Пелистер и дојде до голем успех.

Брера која со 2:0 ја совлада Бесса.

Изненадување во Гостивар. Арсими со 3:1 ја победи Воска, иако гостите поведоа со 0:1. Ова значи дека последните финалисти во Купот, Тиквеш и Воска во новата сезона се елиминирани уште во 1/8 финалето.

Четвртфиналето се игра на 26 февруари следната година.

РЕЗУЛТАТИ – КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/8 ФИНАЛЕ

БРЕРА – БЕСА 2:0

АРСИМИ – ВОСКА 3:1

ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1:0

ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ 1:1 (2:4)

ШКЕНДИЈА – ШКЕНДИЈА (А) 1:0

СИЛЕКС – ШКУПИ 0:0 (4:3 П)

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:0

ВАРДАР – ТИКВЕШ 2:0

*Екипите кои се болдирани се пласираа во 1/4 финалето

ПретходноКуп – 1/8 финале: Вардар го “реши“ Тиквеш и се пласира во четвртфиналето!
СледноДианеси го “поздрави“ Тиквеш, ова е Вардар! (ФОТОГАЛЕРИЈА)