Кошаркарите на Бостон Селтикс ги добија прстените за освојување на шампионската титула минатата сезона и потоа ги демолираше Њујорк Никси со 132:109 на отворањето на новата сезона во НБА лигата.
Како по традиција уште еднаш доминираше Џејсон Тејтум кој постигна дури 37 поени и запиша уште 10 асистенции. Погоди осум тројки од вкупно 29 колку што постигна Бостон и така изедначија НБА рекорд.
Сите стартери на Бостон беа одлични, Дерик Вајт постигна 24, Џејлен Браун 23, Дру Холидеј 18, Хорфорд 11…
Бостон во еден момент водеше со дури 35 поени, а потоа промаши дури 13 тројки во обид да го сруши рекордот. Инаку за Њујорк дебитираше Карл Ентони Таунс кој застана на 12 поени и седум скокови. Кај Никси најефикасен беше Џејлен Бронсон реализираше 22 поени.
Бостон го изедначи рекордот на Милвоки од 2020 година по број на тројки на еден меч.