Гвардиола: Де Брујне не се чувствува добро

43

Мускулната повреда на Кевин де Брујне од Манчестер Сити кон средината на септември, не е сериозна, но белгискиот интернационалец не се чувствува добро. Тоа го кажа менаџерот Пеп Гвардиола на пресот пред мечот со Спарта Прага во ЛШ.
Не е сериозен проблем, но тој не се чувствува добро. Кевин веќе нема 22 години. Тој треба да е во оптимална форма, за да го покаже најдобриот фудбал. Ако не се чувствува комфорно, не може да го искаже неверојатниот потенцијал“, кажа Пеп за 33-годишниот Белгиец.

Тренира подобро, но самиот ми кажа дека не се чувствува добро. Ќе му дадеме уште време“, додаде Шпанецот.
Де Брујне пропушти пет месеци минатата сезона поради повреда од мечот со Интер во финалето на ЛШ во 2023 год.

ПретходноВаленсија пред колапс – прв пат по речиси седум децении е на последното место во Ла Лига
СледноКуп – 1/8 финале: Вардар го “реши“ Тиквеш и се пласира во четвртфиналето!