Конечно, Филип Петрушев најверојатно ќе биде кошаркар на Црвена Звезда, а оваа информација ја потврди и агентот на кошаркарот Мишко Ражнатовиќ. Со месеци српскиот шампион пробува да го врати Петрушев во своите редови, во еден момент тоа беше реална опција, а потоа Олимпијакос одлучи да го задржи поради повреди на двајцата свои центри. Кога тие се вратија за Филип нема место, па сега повторно е активирана опцијата за враќање во Звезда.
Како што пренесува „Баскет њуз“, Петрушев ќе дојде во Звезда како позајмен до крајот на сезоната.