Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра смета дека Сер Алекс Фергусон е еден од виновниците за ситуацијата во редовите на „црвените ѓаволи“. Неодамна клубот од „Олд Трафорд“ за да заштеди финансии одлучи да го отпушти легендарниот Фергусон од улогата амбасадор на клубот која ја извршуваше по завршувањето на тренерската кариера.
Евра покрај Фергусон се гледа и самиот себе за виновник.
„Навистина ми е тешко да зборувам за тоа што се случува во Јунајтед во овој момент. Исчезнаа вредностите кои ги имавм. Се обвинувам себеси, но и Фергусон. Премногу рано змина и тимот не беше подготвен за функционирање после него. Фудбалерите немаа пример кого да следат“, изјави Евра.