Куп -1/8 финале: Вардар на мегдан со Тиквеш, Силекс го дочекува Шкупи, под Шара дуел на двете Шкендии

93

Денеска од 14 часот ќе се одиграат сите осум натпревари од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Секако дека во битката за влез во четвртфиналето, најинтересно би требало да биде на Арената во Скопје, каде домашниот состав на Вардар го дочекува актуелниот бранител на пехарот, тимот на Тиквеш. Се очекува и солидна посета на трибините ако се знае дека раководството на Вардар направи одличен потег за фановите, на овој меч влезот ќе биде бесплатен по повод денешнио т празник 23-октомври Денот на Македонската револуционерна борба.

Супер интересно ќе биде и во Кратово каде забревтаниот Силекс го дочекува Шкупи. Можеби ова е дербито на осминафиналето. Под Шара се среќаваат Шкендија и Шкендија Арачиново. Тетовци поучени од она што му се случи на Работнички во 1/16 финалето сигурно е дека нема да го потценат третолигашот.

Струга ТЛ игра дома против “лавовите“, ова всушност ќе биде реприза од финалето во 2023, кога Македонија ЃП на пенали дојде до пехарот. Шампионот најавува одмазда.

Во Струмица екипите на Брера и Беса во интересен дуел ќе го бараат местото во следната фаза, а Гостивар предводен од новиот стратег Мерт Нобре не би требало да има проблеми со второлигашот Брегалница.

Истото важи и за Пелистер кој игра дома со Детонит.

Воска, која беше учесник во последното финале во кое беше поразена од Тиквеш, му гостува на Арсими во Гостивар.

Се знае дека во 1/8 финалето се игра само по еден натпревар, а ако во регуларниот дел по 90.минути нема победник, тогаш веднаш ќе се изведува пенал – серија.

ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕ – ДЕНЕСКА (14:00 Ч)

Струмица: Брера – Беса

Скопје: Вардар – Тиквеш

Скопје: Гостивар – Брегалница

Битола: Пелистер – Детонит

Тетово: Шкендија – Шкендија (А)

Струга: Струга ТЛ – Македонија ЃП

Кратово: Силекс – Шкупи

Гостивар: Арсими – Воска

ПретходноМасакр на фудбалски меч во Јамајка – убиени пет лица
СледноДоминик Тим стави крај на кариерата