Денеска се одиграа првите два натпревари од третото коло во УЕФА Лигата на Европа, кои понудија ефикасен и до крај неизвесен фудбал. Галатасарај на домашен терен тесно со 4:3 славеше над шведски Елфсборг, додека Брага на домашен терен загуби од норвешки Бодо со 1:2.
Особено возбудливо беше во Истанбул, каде Галатасарај на полувреме имаше водство до 3:0, а во вториот дел дозволи Елфсборг најпрво да намали на 3:2, а потоа во финишот и на 4:3.
Брага и Бодо/Глимт одиграа добар натпревар со многу шанси во Португалија, а победата им припадна на гостите. По првото полувреме немаше голови, а во 53. минута Евјен погоди за водство на норвешкиот тим. На асистенција на Брума, Ниакате погоди во 64. минута за израмнување, а потоа во 66. минута домашните останаа со играч помалку. Тоа го искористија гостите за победа.
УЕФА ЛИГА НА ЕВРОПА
3 КОЛО:
Галатасарај – Елфсборг 4:3
Брага – Бого/Глимт 1:2