Мадрид и Баку поднесоа кандидатури за финалето во 2027 година

62

Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека добила понуда од Мадрид и Баку за домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година.

Шпанската фудбалска федерација го номинираше стадионот „Метрополитано“ во Мадрид, додека од Азербејџан дојде предлог „Олимпискиот стадион“ во Баку да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 2027 година, бидејќи УЕФА претходно објави дека му е одземена кандидатурата на градот Милано.

УЕФА соопшти дека потврдите за интерес не се обврзувачки, а конечните предлози мора да се достават со тендерската документација до 19 март 2025 година.

ПретходноТотенхем заработи парична казна поради однесувањето на своите фудбалери
СледноХелиос со цел плен од Скопје, втор пораз за МЗТ во АБА2-лига