Најмалку пет лица се убиени во пукање за време на пријателски фудбалски меч во Кингстон, главниот град на Јамајка. Наоружаните напаѓачи отвориле оган на трибините и притоа убиле пет и раниле неколку други луѓе.
Дел од градот каде се одржал фудбалскиот меч, Плезент Хајтс, е познат по насилство и бројни пресметки меѓу локални банди.
Полицијата вовела 48 часовен полициски час во таа област.