Нант подобар од Загреб, Келце поразен дома

40

Ракометарите на Нант го совладаа Загреб со 32:29 во мечот од 6 коло од Лигата на шампионите и со тоа со четири остварени победи се искачија на второто место на табелата во групата „Б“. Загреб одигра одлично прво полувреме во кое се држеше во егал !15:15), но во вториот дел Нант успеа да го скриши отпорот и да обезбеди посакуван триумф.

Алборг беше доминантен на гостувањето во Полска против Келце и на крајот оствари убедлива победа од . Најефикасен кај гостите во победата беше Арнолдсен со 8 гола, додека кај Келце по 5 гола постигнаа Македа и Морито. Со оваа победа Алборг остана трет, додека Келце падна на петтото место во групата.

ПретходноХелиос со цел плен од Скопје, втор пораз за МЗТ во АБА2-лига
СледноВиртус во последните моменти до победа над Партизан во Белград