Форца со убедлив пораз на стартот од главната фаза во Футсал ЛШ

73

Македонскиот футсал шампион Форца со убедлив пораз го запона настапот во Главната фаза од УЕФА Лигата на шампионите. На турнирот во Белград, Форца денеска се сретна со шампионот на Летонија, екипата на Рига и претрпе убедлив пораз од 5:1.

Во првиот дел Форца одигра солидно и не дозволи противникот да се размавне. Со голот на Сержињо во последните пет минути од првиот дел Рига дојде до 1:0 и со оваа предност замина на одмор.

Во вториот дел работите не одеа најдобро за Форца, која во првите 8 минути прими уште два гола и Рига веќе имаше незадржлива предност од 3:0. Следуваше гол на Берио со кој нашиот првак намали на 3:1, но потоа Рига погоди уште двапати за убедливи 5:1.

Во второто коло Форца утре ќе се сретне со српскиот шампион Бањица.

ПретходноПред дербито Барса – Баерн (М): Ограбен еден од помошниците на Компани
СледноАБА 2: Работнички и третпат убедливо поразен, овој пат славеше Босна (ФОТО)