Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид. Со новото име нема да се брза, против Веспрем се враќа поранешниот македонски селекторт, Звонко Шундовски, кој ќе остане да ја води екипата додека не се најде вистинското решение.
“Клубот му се заблагодарува на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол година. Му посакуваме среќа и успеси во понатамошните професионални предизвици.
Клубот наскоро ќе го именува новиот тренер, а дотогаш екипата ќе ја води Звонко Шундовски”, соопштија од клубот.