ЛЕ: Галата победи во меч со седум гола, Бодо ги освои бодовите кај Брага

63

Денеска се одиграа првите два натпревари од третото коло во УЕФА Лигата на Европа, кои понудија ефикасен и до крај неизвесен фудбал. Галатасарај на домашен терен тесно со 4:3 славеше над шведски Елфсборг, додека Брага на домашен терен загуби од норвешки Бодо со 1:2.

Особено возбудливо беше во Истанбул, каде Галатасарај на полувреме имаше водство до 3:0, а во вториот дел дозволи Елфсборг најпрво да намали на 3:2, а потоа во финишот и на 4:3.

Брага и Бодо/Глимт одиграа добар натпревар со многу шанси во Португалија, а победата им припадна на гостите. По првото полувреме немаше голови, а во 53. минута Евјен погоди за водство на норвешкиот тим. На асистенција на Брума, Ниакате погоди во 64. минута за израмнување, а потоа во 66. минута домашните останаа со играч помалку. Тоа го искористија гостите за победа.

УЕФА ЛИГА НА ЕВРОПА

3 КОЛО:

Галатасарај – Елфсборг 4:3

Брага – Бого/Глимт 1:2

ПретходноЛитванија одлучи во кој град ќе ги пречека македонските кошаркари
СледноКомплетирано е 8. коло: Алкалоид е лидер без грешка, Вардар и Охрид ја делат двојката, Пелистер е четврти!