ЛШ: Барселона во обид да ја прекине серијата од шест порази од Баерн

61

Вечерва продолжуваат натпреварите од 3 коло во Лигата на шампионите. Од деветте мечеви вечерва, најинтересно ќе биде на „Ноу Камп“ каде ќе се соочат поранешните повеќекратни европски шампиони Барселона и Баерн.
И двете екипи одат на мегдан еден против друг во добро расположение, Баерн по побдата над Штутгарт со 4:0, а Барселона над Севиља со 5:1.

Кај Барса се враќаат Гави, Фермин Лопез и Дани Олмо, а вон стројот се Ерик Гарсија, Кристенсен, Араухо, Бернал и голманот Тер Штеген. Кај Берн ќе ги нема Саша Бој, Бухман, Ито, Станишиќ и Павловиќ.

Овој меч ќе биде тест за Ханси Флик кој не само што ќе се соочи со својот поранешен клуб, туку ќе се обиде да ја прекине серијата на Барселона од шест порази од Баерн.
А Баерн предводен од Винсент Компани ќе се обиде да ја впише втората победа во ЛШ, по онаа над Динамо Загреб со 9:2. „Баварците“ во второто коло беа поразени од Астон Вила.
Компани вели дека неговиот тим нема да се труди да го запре Јамал туку да ја победи Барселона.
„Фокусот треба да се стави на тимот, а не само на Јамал“.

НАТПРЕВАРИ
18:45 ЧАСОТ
АТАЛАНТА – СЕЛТИК
БРЕСТ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
21:00 ЧАСОТ
АТЛЕТИКО МАДРИД – ЛИЛ
БАРСЕЛОНА – БАЕРН МИНХЕН
БЕНФИКА – ФЕЕНОРД
МАНЧЕСТЕР СИТИ – СПАРТА ПРАГА
РБ ЛАЈПЦИГ – ЛИВЕРПУЛ
САЛЦБУРГ – ДИНАМО ЗАГРЕБ
ЈАНГ БОЈС – ИНТЕР

ПретходноГолемо засилување за Звезда – Петрушев се враќа во Белград
СледноШундовски привремено ќе го води Пелистер