Данска Фредериција ја оствари првата победа во групата „А“ од Лигата на шампионите во ракомет. На домашен терен, Фредериција славеше против полскиот состав Висла Плоцк со 28:25 и со тоа успеа да ја обезбеди првата радост во најелитното европско натпреварување.
Андерсон со 9 гола ги поведе данците кон првата победа во групата, каде нашиот шампион Е. Пелистер сега повторно е последен со само еден освоен бод.
Во вториот вечерашен меч од 6. коло, екипата на Динамо (Б) со голем пресврт во второто полувреме успеа да обезбеди победа над Спортинг од 33:29. Во првиот дел гостите изненадија со течната и ефикасна игра и на пауза заминаа со предност од два гола (13:15), но Динамо се разбуди во вториот дел о дмечот и уште о дпрвата минута почна да го неутрализира противникот. На крајот победата можеше да биде и поефикасна, но Романците можат да се задоволат и со овие +4 за четврта победа во групата и пласман на 3. место.
Зајнелабедин со 7 гола беше најдобар во домашниот состав, додека кај екипата на Спортинг Торкелсон заврши со 6 гола.