ЛШ: Рафиња со хет-трик го „реши“ Баерн, Ливерпул со 3 од 3, Ристовски асистира за прва победа на Динамо (ВИДЕО)

203

Барселона со убедливи 4:1 го доби големото дерби на 3. коло од Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен славеше против германскиот вицепрвак, Баерн (М). Фантастична вечер во Каталонија имаше Бразилецот Рафиња, кој со хет-трик го одигра можеби еден од најдобрите натпревари во дресот на Барселона. Еден гол за Барса постигна и Левандовски, додека единствениот за гостите беше дело на Кејн.

Динамо (З) на крилата на Ристовски и Адеми успеа да дојде до голема победа на гостувањето кај Салцбург со 0:2. Ристовски беше асистент за двата гола на загребските „модри“, кои беа дело на Куленовиќ и Петковиќ. Ова е прва победа за Динамо (З) во ЛШ оваа сезона, но четврти бод по ремито во минатото коло.

Ливерпул минимално со 1:0 славеше на гостувањето кај Лајпциг на нашиот Елмас и успеа да наниже и трета победа за место на самиот врв на табелата. Одлуката за победникот падна во 27. минута кога Салах биеше, а Дарвин Нуњес налета и ја смести топката во мрежата на домашните.

Интер се спаси од срам на гостувањето кај Јанг Бојс со гол во судиското продолжение. Турам донесе победа од 1:0 и три бода за „нероаѕурите“, откако на почетокот на второто полувреме Арнаутовиќ не успеа да реализира пенал.

Големи изненадувања приредија Лил и Феенорд. И двата тима како гости славеа со идентични 3:1 против екипите на Атлетико (М) и Бенфика. Манчестер Сити без многу проблеми ја „петардираше“ Спарта со 5:0, иако во првиот дел резултатот беше само 1:0.

Лига на шампиони – 3 коло

Аталанта – Селтик   0:0

Брест – Баер Леверкузен  1:1

Атлетико Мадрид – Лил  1:3

Барселона – Баерн Минхен  4:1

Бенфика – Феенорд  1:3

Mанчестер Сити – Спарта Прага  5:0

РБ Лајпциг – Ливерпул  0:1

Салцбург – Динамо Загреб  0:2

Јанг Бојс – Интер  0:1

Standings provided by Sofascore

 

 

ПретходноОмот Килде ја пропушта целата скијачка сезона
СледноПерин останува на голот на Јувентус уште две години