Шундовски привремено ќе го води Пелистер

246

Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид. Со новото име нема да се брза, против Веспрем се враќа поранешниот македонски селекторт, Звонко Шундовски, кој ќе остане да ја води екипата додека не се најде вистинското решение.

“Клубот му се заблагодарува на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол година. Му посакуваме среќа и успеси во понатамошните професионални предизвици.

Клубот наскоро ќе го именува новиот тренер, а дотогаш екипата ќе ја води Звонко Шундовски”, соопштија од клубот.

ПретходноЛШ: Барселона во обид да ја прекине серијата од шест порази од Баерн
СледноАЛКАЛОИД продолжува со победи на Европскиот шаховски клупски куп