Данска има нов селектор

31

Данската фудбалска асоцијација го назначи Брајан Ример за нов селектор на репрезентацијата. Договорот со 46-годишниот тренер е до завршувањето на Светското првенство 2026 година.
Тој го наследува Каспер Улман, а на октомвриските натпревари во Лигата на нациите селекторската функција ја извршуваше Ларс Кнудсен.
Од 2022 до 2024 година Ример беше на чело на Андерлехт, претходно работеше како асистент во Брентфорд и Копенхаген и во У19 тимот на Копенхаген.

ПретходноМакедонија У16 убедливо поразена од Словенија
СледноТренерот на Брентфорд: Веќе сум во најдобриот клуб на светот, не ми треба Манчестер Јунајтед