Еден од најдобрите скијачи на светот ја пропушта сезоната во СК

67

Еден од најдобрите скијачи на светот Александер Амод Килде нема да се натпреварува оваа сезона во Светскиот куп затоа што ќе мора да оди на нова операција на рамето. Килде во јануари падна за време на спустот во Венген кога се заби во оградата, па со хеликоптер беше пренесен во болница.
Ги скинал лигаментите на рамето и расекол мускул на десната потколеница поради што бил опериран. Во јуни почнал да тренира, но рамето му се инфицирало и по неуспешен третман со антибиотици лекарите му препорачале нова операција, со тоа и нова пауза.
Килде е освојувач на олимписко сребро и бронза има два сребрени медали од светските првенства. Во 2020 година беше и освојувач на Големиот кристален глобус.

ПретходноВо Атлетико бесни: ВАР измисли пенал, ќе се жалиме до УЕФА
СледноРашфорд побарал од Манчестер Ј. да го продадат во јануари