ЛЕ: Довбик донесе победа за Рома, Реал Сосиедад славеше против Макаби

40

Завршија првите седум денешни дуели од 3 коло во Лигата на Европа. Во еден од поинтересните дуели, Рома триумфираше на домашен терен против Динамо Киев со минимален резултат, а единствениот гол на натпреварот го постигна Украинецот Довбик од пенал во 23. минута.

Фудбалерите на Реал Сосиедад со 2:1 го совладаа тимот на Макаби од Тел Авив во Белград. Гостите славеа со головите на Јон Пачек во 19. минута и Серхио Гомез во 64. минута. Утешниот гол за израелскиот тим го постигна Тургеман во 82. минута.

Во Солун, Викторија Плзен беше блиску до победа против ПАОК, но со голот на Баба во последните моменти од натпреварот грчкиот тим и натаму остана непоразен – 2:2.

Ференцварош приреди изненадување откако ја совлада Ница во Будимпешта со автоголот на Бомбита во 15. минута, а минимално славеше и Митјиланд против белгискиот Унион со голот на Диао во 18. минута.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноПетар Јовановски реизбран за претседател на Одбојкарската федерација
СледноКЛ: Чурлинов славеше со Јагиелонија, победа и за Николов и Шишковски