РБ Лајпциг остана без Симонс, се отвора шанса за Елмас

148

РБ Лајпциг соопшти дека офанзивниот халф во тимот Чави Симонс поради повреда ќе отсуствува од терените неколку седмици. Младиот Холанѓанец беше заменет принудно во 78 минута во поразот од Ливерпул во ЛШ.
Поради повреда на лигаментите на левиот зглоб, Симонс ќе отсуствува неколку седмици“, соопштија од клубот.
Со тоа Симонс ќе ги пропушти сите мечеви на Лајпциг до паузата за репрезентациите, а тоа е домашните дуели со Фрајбург, Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах, мечот од Купот против Ст.Паули и Селтик во ЛШ.
Со тоа се отвора шанса за Елиф Елмас. Македонецот е на клупата токму поради тоа што Симонс се врати во Лајпциг и е прв избор на тренерот. Сега Холанѓанецот ќе паузира, па Елмас кој може да ја покрие неговата позиција ќе добива поголема минутажа.

ПретходноСтоилковска запрена во осминафиналето во Бол
СледноАП Брера ги откачи Стамениќ, Лазиќ и најверојатно Јанкулов