Саудиска Арабија и Манчини ја прекинаа соработката

64

Италијанскиот стручњак Роберто Манчини се раздели со Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија.

Договорот беше раскинат во текот на денот со заедничка согласност. Манчини ја напушта Арабија по 14 месеци минати на чело на оваа селекција.

59-годишниот стратег беше назначен за селектор на С. Арабија во август 2023 година, кога потпиша четиригодишен договор. Од тамошниот Сојуз најавија дека во следните неколку дена ќе биде објавено името на човекот кој ќе го замени Манчини.

Саудиска Арабија победи само еднаш во последните пет натпревари и моментално е трета во групата Ц од квалификациите за Светското првенство.

ПретходноКЛ: Чурлинов славеше со Јагиелонија, победа и за Николов и Шишковски
СледноАрсенал остана без Калафиори за дербито со Ливерпул