ФИФА листа: Македонија со скок од три места, сега е 69-та сила во светот!

73

ФИФА утринава ја објави својата најнова ранг листа. На неа очекувано Македонија забележа скок од три места, велиме очекувано ако се знае дека во октомврискиот циклус во Лигата на Нации забележа две победи и тоа на гости со Летонија и Ерменија.

Па така сега нашата најдобра фудбалска репрезентација се наоѓа на 69.место на ФИФА листата со 1.361 поени или десет повеќе од минатиот месец. Да се надеваме дека по ноември, кога играме дома со Летонија и Ф. Острови, со евентуални две победи ќе имаме уште подобар пласман.

На врвот на листата и натаму е Аргентина, следуваат Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија…

ПретходноХанси Флик: Одигравме фантастичен меч, ова е Ла Масија!
СледноВинсент Компани: На почетокот изгледаше дека Баерн може да победи!