Циндриќ: Секогаш е убаво да се игра во Македонија!

326

Веспрем на дело ја оправда фаворитската улога против Пелистер, славеше на гостински терен со 30-23 и сега е на делба на првата позиција со ПСЖ во групата А. Прв стрелец на мечот беше екс-вардарецот, Лука Цинриќ, кој постигна осум гола. Хрватскиот ракометар не го криеше своето задоволство што повторно се врати во Македонија.

„Секогаш е убаво кога и да се вратам во Македонија, мило ми е што се уште има публика на трибините во оваа бројка. На Пелистер му посакувам среќа во иднина. Имаме респект за тимот, јас од искуство знам дека не е лесно да се игра во Битола, затоа влеговме фокусирано и заслужено победивме“, изјави Циндриќ. 

 

ПретходноНено без поени во новиот пораз на Милано, Шортс со „дабл-дабл“ за победа на Париз
СледноЛембанов: Во еден ден подготвувавме меч и заздравувавме од претходниот!