Ремито со Воска и разочарувачкото осмо место на табелата ја чашата од незадоволство во таборот на АП Брера кон одредени играчи па решиле да направат „рез“ во екипата пред продолжението на шампионатот.
Неофицијално, струмичката екипа ги откачила странските засилувања Дарко Лазиќ и Урош Стамениќ поради незалагање и недисциплина. Од истите причини веројатно и младиот дефанзивец Ѓеоргије Јанкулов.
Летоска Брера донесе многу нови играчи, стартуваше со високи амбиции но засега работите не одат по планот. Брера има само три победи по првите 10 кола и со 12 бодови е на осмото место на табелата. Победите беа против Пелистер, Беса и Вардар.
Тимот успеа да помине во четвртфиналето на Купот откако ја елиминира Беса.