Борзаш пред Веспрем: Имаме и ние свои шанси – дури и да победиме!

74

По поразот од Алкалоид во Супер-лигата и оставката на Бранче Ангеловски, ракометарите на Пелистер вечерва (20:45 часот) мораат да соберат сили и исправено да го пречекаат Веспрем во меч од шестото коло во Лигата на шампионите. Тука, актуелниот македонски првак има скор од четири порази и реми.

На клупата на битолчани како привремено решение ќе биде Звонко Шундовски, кој беше веќе тренер на Пелистер, а потоа се пресели на функцијата тим-менаџер. Но, еве одново ќе ги води ракометарите во нов предизвик.

Во таборот на Пелистер се свесни дека пред себе имаат одличен тим, кратките денови за подготовка максимално се искористени, останува без притисок да влезат и да го дадат најдоброто од себе.

„Веспрем и оваа сезона е еден од најголемите фаворити за титулата во Лигата на шампионите. Секоја година тимот е подобар и подобар, носи уште подобри играчи, ја ловат титулата од Лигата на шампионите со години, многу вложуваат и нам ни следи многу тежок натпревар. Максимално се спремаме, тие се сигурно еден од фаворитите за освојување на титулата во Лигата на шампионите и притисокот е врз нив. И Веспрем има недостатоци и ние ќе се обидеме да ги искористиме. Сигурно и ние имаме свои шанси, па дури и да победиме. Убеден сум дека ќе дадеме максимум и ќе изгинеме на теренот. Ќе биде празник за градот, не доаѓа секој ден Веспрем во Битола и сите заедно ќе уживаме“, вели Урош Борзаш.

Веспрем е на второто место на табелата во групата А, има осум бода, еден помалку од лидерот Спортинг.

ПретходноОва е претседател на клуб: Херојот Рикелме! (ВИДЕО)
СледноФантастични “Редси“: Ливерпул и Слот уриваат рекорди!