Германскиот гигант синоќа на “Монжуик“ во Барселона доживеауедлив пораз и тоа со 4:1. Не дека толку баварците беа слаби, имаа и 1:1, но сепак Барса одигра екстра квалитетно.
По мечот стратегот на германскиот претставник во Лигата на Шампионите, Винсент Компани имаше свој коментар по поразот од Барса:
“Убедлив пораз, сепак сега не е време за детални анализи на нашите перфоманси. Ќе седнеме и заедно ќе видиме каде сме грешеле, а потоа одиме напред. Мислам дека на почетокот од мечот, кога беше 1:1 изгледаше дека можеме да победиме. Сепак вториот а посебно третиот гол беа решавачки, ја сменија играта на теренот. Сигурно ќе извлечеме поуки од поразот, кој не е решавачки за нашата сезона“ заклучи Компани.