Во Атлетико бесни: ВАР измисли пенал, ќе се жалиме до УЕФА

93

Атлетико Мадрид во 3.коло на ЛШ изгуби на домашен терен од француски Лил со 3:1. Во Атлетико се бесни поради судењето, а „Марка“ и „Екип“ пишуваа за детали од овој меч. Споменуваат чудни судиски одлуки и простен црвен картон за гостите, но најспорен момент е од 74 минута што ги „поттурна“ гостите кон победата.
По една гужва во шеснаесетникот на тлетико, Коке за време на избивање на топката го „закачи“ играчот за врска на гостите Андре. Тоа не беше претерано силно, ниту падот на Гуида не беше уверливо и судијата прво ништо не досуди.
Но потоа реагираа од ВАР и го повикаа судијата да ја погледне ситуацијата, па Италијанецот покажа на белата точка.
Не можам да разберам што свирна. Ова е невидено од ВАР“, изјави Родриго Де Паул, додека од клубот порачаа дека ВАР „измислил“ пенал.
Не знам, судијата рече дека е рака, на крајот не знам што свирна. Никој не разбира, се надевам тој разбира“, рече голманот Облак.
„Марка“ јавува дека Атлетико поднел жалба до УЕФА поради судењето.

 

ПретходноНово признание: УЕФА го избра Ристовски во „Идеалниот тим“ на колото во ЛШ
СледноЕден од најдобрите скијачи на светот ја пропушта сезоната во СК