Лесно му е на Милвоки кога ги има Лилард и Јанис!

59

Утрово се одиграа повеќе натпревари во новата сезона во НБА. Секако дека во центарот на вниманието бееше средбата меѓу Филаделфија и Милвоки, а победија гостите со 109:124. За домашните не настапи Ембид, а тоа им помогна на Лилард и Адетокунбо да одиграат на највисоко ниво и сезоната да ја старуваат со победа и тоа убедлива.

Првиот заврши со 30 поени, 9 скокови и 6 асистенции, а Јанис имаше 25 поени, 15 скокови и 7 асистенции.

Новата ера за Голден Стејт без Клеј Томпсон започна без никакви проблеми и со победа кај Портланд со 104:139. Стеф Кари испорача 17 поени, блескаше Бади Хилд со 22 поени, со погодени пет тројки од седум обиди. На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:

Детроит – Индијана 109:115

Атланта – Бруклин 120:116

Мајами – Орландо 97:116

Торонто – Кливленд 106:136

Хјустон – Шарлот 105:110

Њу Орлеанс – Чикаго 123:111

Јута – Мемфис 124:126

ЛА Клиперс – Феникс 113:116

ПретходноЛШ: Астон Вила, Ливерпул, Сити…вака изгледа табелата по 3.коло! (ФОТО)
СледноЧетврта победа на Алкалоид во шаховската „Лига на шампиони“