ЛЕ/КЛ: Фенер го преживеа Манчестер Јунајтед

57

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Фенербахче ремизираа со 1:1 во дерби натпреварот од 3-тото коло од Лигата на Европа. Ова е трето последователно реми за екипата на Ерик Тен Хаг во Лигата на Европа. Стрелци на головите беа Ериксен во 15-тата и Ен Несири во 49-тата минута.

Во останатите натпревари од вечерашната програма во Европа Лигата, Атлетик Билбао славеше со Славија Прага со 1:0, Лацио ја совлада екипата на Твенте со 0:2, Лион загуби на домашен терен со 0:1 против Бешикташ, Тотенхем победи против АЗ Алкмар со 1:0 и Порто со 2:0 ја совлада екипата на Хофенхајм.

Во натпреварите од Конференциската Лига, Бетис и Копенхаген ремизираа со 1:1, Олимпија од Љубљана победи со 2:0 против ЛАСК, додека пак српски ТСЦ загуби со 0:3 против Легија од Варшава.

ПретходноЛембанов: Во еден ден подготвувавме меч и заздравувавме од претходниот!
СледноМохамед Салах и Брахим Диаз не добија номинација за африкански фудбалер на годината