По победата од 2:0 во првиот пријателски дуел, студен туш за македонската репрезентација У16 на вториот тест меч со Словенија.
Во Скопје двете репрезентации втор пат ги одмерија силите, а овојпат Словенците се реваншираа со 4:0. Првите два гола ги постигнаа Примц Таи и Габриел Богатинов, а треба да се издвои голот на „десетката“ Дин Окановиќ кој погоди директно од корнер.