Денеска беа и официјално објавени номинациите за најдобриот африкански фудбалер за минатата година кои предизвикаа голема бура во јавноста.
Имено на листата од десет номинирани фудбалери не се наоѓаат имиња како Мохамед Салах, Виктор Бонифејс, Брахим Диаз, Николас Џексон и Мохамед Кудус. Наместо нив во потесниот круг фудбалери влегоа Амин Гуири, Едмонд Тапсоба, Симон Адингра, Ашраф Хакими, Адемола Лукман и други.
Навивачите бурно реагираа на номинациите во кои ги нема некои од најдобрите фудбалери во европските клубови, а посебно е нејасно зошто не се номинирани Мохамед Салах и Брахим Диаз кои имаа одлична сезона со Ливерпул и Реал Мадрид.
🚨🌍 African Player of the Year list of finalists has been released today.
Mo Salah, Mohammed Kudus, Brahim Díaz, Victor Boniface and Nico Jackson have been left out of the official list ⛔️ pic.twitter.com/YxjZO2Mk7R
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 24, 2024