Пелистер без сили за сензација, Веспрем убедлив во Битола!

47

Пелистер не успеа да приреди чудо во шестото коло во Лигата на шампиони, на домашен терен беше совладан од Веспрем со 23-30 (12-17). За македонскиот тим ова беше петти пораз во ова натпреварување, додека пак унгарскиот состав ја дели првата позиција со ПСЖ.

Кузмановски имаше седум гола од 11 обиди кај домашниот состав, Митревски имаѓе девет одбрани. На другата страна Циндриќ запиша осум погодоци, додека Коралес имаше 15 интервенции.

Битолчани само еднаш поведоа на оваа средба и тоа на почетокот со 1-0. На другата страна гостите одржуваа позитива од четири гола во голем дел од првото полувреме (4-8, 5-9, 6-10, 8-12, 9-13) . По последните 10-14, битолчани доближија на минус два 12-14, но тука и застанаа. Со три нови гола, противникот на одморот замина со предност од плус пет (12-17).

Веспрем го отвори второто полувреме со 3-1 и по само четири минути игра во овој дел поведе со 13-20. Оваа позитива гостите ја имаа и на средната на овој дел од мечот, беше 17-24 во 45-та минута.  Ништо не се промени во продолжение, Веспрем сигурно чекореше кон новата победа во Лигата на шампиони.

За македонскиот тим утре следува мечот со Радовиш во Супер-лигата, одлична шанса за рехабилитација по бурниот период, а потоа ќе има доволно време да се подготви за гостувањето кај Фредерициа во ЛШ. Можеби токму на оваа средба Пелистер ќе има и нов тренер, оваа функција засега му припаѓа на Звонко Шундовски откако Бранислав Ангеловски си поднесе оставка по поразот од Алкалоид.

ПретходноАрсенал остана без Калафиори за дербито со Ливерпул
СледноНено без поени во новиот пораз на Милано, Шортс со „дабл-дабл“ за победа на Париз